Што се би жртвувале мажите поради своите љубовници

од desk2
86 прегледи

Неверните мажи се подготвени да се откажат од многу работи поради својата љубовница, покажа едно истражување. 

Анекетата, која на речиси илјада мажи ја спроведе една интернет страницата за спојување на парови. покажа дека неверните мажи се подготвени да се откажат од омилените хобија, парите, годишните одмори поради својата љубовница.

Шестнаесет отсто од нив изјавиле дека попрво би имале љубовница, отколку да купат автомобил. Петнаесет отсто од нив без ни малку грижа на совеста би го откажале планираното уредување на домот, во кој живеат со сопругата и децата, а ист процент прељубници би ги жртвувале и веќе платените карти за спортски настани, дури и за омилениот фудбалски натпревар. 

Единаесет проценти од испитаниците признале дека поради љубовницата би се откажале од членството во теретана, десет отсто од купување на нов мобилен телефон, а има и такви кои попрво би се откажале од годишниот одмор, отколку од љубовницата и тие се шест проценти.

Истражувањето покажува дека една четвртина од мажите се подготвени да заштедат пари со тоа што ќе се откажат од излегувањата со сопругата, само доколку тие пари би можеле да се искористат за излегување или патување со љубовницата.