Што треба да знаат оние кои ја прележаа короната

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Откако ќе го прележат коронавирусот, повеќето луѓе се жалат на хроничен замор и недостаток на сила. Дали коронавирусот остава трајни здравствени последици и какви, сè уште не е познато, но лекарите се согласуваат дека има последици.

За сите кои беа излечени од коронавирус, опоравувањето не било исто. Некои лесно го надминуваат, додека за некои вирусот може да предизвика сериозни последици.

Брз замор, мала физичка сила и недостаток на имунитет се вообичаени симптоми по прележување на вирусот.

„Повеќето луѓе се жалат на интензивен замор после болеста. Нашите пациенти исто така претежно се пожалија на замор што никогаш не го почувствувале за време на друга болест, се жалеа на срцеви палпитации, се плашеа дали срцевиот мускул ќе биде оштетен трајно или моментално“, вели Ивана Стефановиќ од Итната помош во Србија.

Најчеста грешка која ја прават излечените луѓе е што пијат секакви лекови и витамини со цел што побрзо да го подигнат имунитетот, а таквиот внес на своја рака може да предизвика последици, пред сè, за црниот дроб.

Закрепнувањето и обновувањето на физичката сила, во зависност од клиничката слика, може да трае неколку месеци.

„Се препорачува да се избегне напорна физичка активност, не можете брзо да се вратите во кондиција, нашето срце сигурно претрпе многу. После месец и половина, можете да започнете со прошетки, па дури тогаш малку поинтензивно, но сето тоа зависи од тоа колку била тешка клиничката слика“, вели д-р Стефановиќ.

Вирусот влијае на срцето повеќе отколку што се мислеше 

Професор д-р Петар Оташевиќ од Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ вели дека коронавирусот може да влијае на повеќе од 70% од срцевиот мускул кај претходно здравите луѓе.

„Тоа е повеќе е отколку што претходно се мислеше и нè загрижува, затоа што не сме сигурни дали оштетувањата подоцна ќе се опорават. Не постои начин однапред да знаеме дали некој ќе има компликации, сепак, тоа не значи дека доколку сте биле здрави и млади, нема да ги имате овие компликации “, вели д-р Оташевиќ.

Досега, во светот скоро 15 милиони луѓе се излечиле од Ковида 19, а најновата германска студија покажала дека повеќе од три четвртини од пациентите кои се опоравиле имаат срцеви проблеми.

Сепак, мислењата на кардиолозите ширум светот се дека е прерано да се зборува дали оштетувањата на срцето се трајни или не, и дека времето ќе го покаже тоа.

Слични содржини