Шумер: Наместо да застане покрај Украина, Трамп го пречека Путин со црвен тепих

„Наместо да застане покрај Украина и нашите сојузници, Трамп застана рамо до рамо со автократ кој со години го тероризира украинскиот народ и светот“, рече Шумер во соопштението, пишува The Guardian

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Лидерот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, го критикуваше претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за неговата средба со рускиот лидер Владимир Путин, оценувајќи дека тој „поставил црвен тепих за авторитарен насилник“ и дека „шоуто за камерите“ ја заменило вистинската дипломатија.

„Наместо да застане покрај Украина и нашите сојузници, Трамп застана рамо до рамо со автократ кој со години го тероризира украинскиот народ и светот“, рече Шумер во соопштението, пишува The Guardian.

Тој додаде дека, иако сè уште се чекаат конкретни детали од средбата, се чини дека Трамп „му дал легитимитет на Путин, глобална платформа и нулта одговорност, а не добил ништо за возврат“.

Слични содржини