Шведска ги отфрли плановите за заедничка истрага со Данска и Германија за „Северен тек“

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска ги отфрли плановите за заедничка истрага со Данска и Германија за неодамнешните експлозии на гасоводите Северен тек 1 и 2, објави денеска неделникот „Шпигел“, повикувајќи се на германски безбедносни извори.

Шведска одлучи дека не може да ги сподели наодите од својата истрага со други земји од безбедносни причини, пишува весникот, а пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на германското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека германската федерална полиција „го завршила својот дел од истрагата за наводниот чин на саботажа на гасоводите Северен тек и ги доставила своите наоди“.

Слични содржини