Шведска го одби барањето за азил на најстарата мигрантка

од desk2
109 прегледи

Бибихал Узбеки, 106, допатува во Шведска од Авганистан и побара азил за неа и за нејзиното семејство, но кажано и е дека мора да си замине од таму, затоа што барањето за азил и е одбиено, јави шведскиот портал Blankspot.

Фото: Марјан Вучетиќ

Узбеки, од Кудруз, Авганистан, е најречена „најстариот мигрант на светот„ кога светските медиуми зборуваа со неа во Хрватска во мигрантскиот камп во 2015 година, а 163.000 луѓе бараа азил во Шведска.
Таа и нејзиното семејство избегаа од Авганистан преку Иран, Турција, грција и завршија во Скараборг, Шведска.

Синовите и внуците по пат се менувале да ја носат бабата на грб.

 

Фото: Марјан Вучетиќ

„Имавме многу проблеми. Многу страдавме“, вели Узбеки за The Guardian во 2015 година. „Паднав и си ја повредив главата. Имам лузни“.

„Беше тешко патување за целото семејство. Ја носевме се до Германија,каде еден доктор ни даде количка“, вели нејзиниот син Мохамендхула во 2016 година.

Но, во јуни нејзината апликација за азил во Шведска беше одбиена.

Според одлуката на Агенцијата за мигранти Узбеки сега мора да се врати во Авганистан или во која било друга земја што ќе ја прифати.

Фото: Марјан Вучетиќ

Одлуката е обжалена до миграцискиот суд.

Шведска мораше да ги сопре депортациите на луѓето во Авганистан поради несигурната состојба во државата.