Шведска ја изненади Италија

од desk2
91 прегледи

Репрезентацијата на Шведска славеше против Италија во првиот бараж натпревар за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Русија.

Херој на домашната репрезентација беше Јакоб Јохансон кој во 61. минута го „запали“ стадионот во Стокхолм откако го матираше големиот Џиџи Буфон.

Италијанците на реванш средбата ќе мора да покажат многу повеќе од вечерашниот натпревар доколку сакаат да се пласираат на Мундијалскиот собир во Русија. Пропуштање на едно Светско првенство би била голема трагедија за Италија која последен пат не учествувала на ваквото натпреварување дури пред 60 години.

https://www.youtube.com/watch?v=tzo9xQv1zAQ