Шведска: Нашето национално јадење е турско

од desk2
192 прегледи

 

Шведска, земјата на ИКЕА и општествена балгосостојба има шокантна порака за светот.

Шведските ќофтња, нашироко познато шведско национално јадење, всушност потекнуваат од Турција.

Шведска оваа вест ја соопшти неодамна, на својот официјален Твитер профил, пишува Њујорк Тајмс.

„Нашите ќофтиња, всушност се засновани на рецепт што кралот Карло XII го донесол од Турција на почетокот на 18 век. Да се држиме до фактите!„, се наведува во објавата.

Се уште не е јасно зошто Шведска одлучила дека сега е вистинско време тоа да се соопшти, но нејзината изјава секако покрена лавина реакции.

Турците се пресреќни, а одредени Швеѓани се запрепастени, па на социјалните мрежи се појавија куп смешни пораки.

„Цел мој живот е лага“, напиша еден Швеѓанец на Твитер.

Некои Турци предложија Шведска да го промени името во “köfte”, што е турски назив за ќофте.

Кралот Карло во периодот од 1697 до 1718 година поминал во изгнанство во Османлиското царство, а кога се вратил во Шведска, освен рецептот за ќофтиња, со себе го донел и кафето и рецептот за сарма.

Со оглед дена не сака на Твитер да почне кулинарска војна, Шведска додава дека нејзините жители повеќе го сакаат кафето од ќофтињата, и дека во еден момент постоела забрана за пиење на овој напиток.