Шведскиот премиер застрелан во грб пред сопругата: По повеќе од три децении, откриен убиецот!

од Aleksandar Petrovski
198 прегледи

Шведското обвинителство соопшти денеска дека премиерот Улоф Палме бил убиен во 1986 година од Стиг Енстром, кој во меѓувреме извршил самоубиство, поради што се затвора повеќедецениската истрага.

„Лицето е Стиг Енгстром. Бидејќи е мртов, не можам да поднесам обвинение против него и решив да ја затворам истрагата“, рече обвинителот Кристер Петерсон.

Енгсром се самоубил во 2000 година, пренесува АП.
Палме беше застрелан во грбот додека одеше дома од кино со неговата сопруга Лисбет во Стокхолм.