Шведскиот селектор: Ќе се обидеме да ја забрзаме играта во финалето (ВИДЕО)

од desk2
97 прегледи

Малкуминаа веруваа дека оваа Шведска е кадарна да стигне до финалето на Европското првенство, бидејќи на хартија неколку селекции имаа подобри референци. Но, „трите круни“ одиграа најдобро кога најмногу требаше, па откако се провлекоа во полуфиналето, го зададоа завршниот удар.

Архитект на овој голем успех е селекторот од Исланд, Кристијан Андерсон, чиј стил на ракомет го надогради оној на Штафан Олсон и Ола Линдгрен од претходно.

„Мислам дека нашиот тим оваа сезона е подобар од ланскиот. Минатата сезона бевме аутсајдери, сега имаме повеќе искуство и поголем притисок. За нас во финалето е важно да го забрзаме ритамот на натпреварот во финалето. Шпанија е многу квалитетна и искусна репрезентација и ќе видиме како ќе одговори. Ова е дефинитивно нов старт за шведската репрезетација“, ни изјави шведскиот селектор.

Погледнете го комплетниот разговор со Кристијан Андерсон:

Минатата година Швеѓаните во рамноправен натпревар од четвртфиналето загубија од Франција, а и покрај трите порази во Сплит и Загреб, екипата годинава стигна на чекор до златниот медал./gol