Си Џинпинг: Активно ќе се спротивставиме на сецесионистичките активности на Тајван

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска на затворањето на првата сесија на 14. Национален народен конгрес дека Пекинг постојано ќе се залага за обединување со Тајван, но и дека активно ќе се спротивставува на сецесионистичките активности.

„Треба активно да се спротивставиме на надворешните сили и сецесионистичките активности насочени кон независноста на Тајван. Мораме непоколебливо да ја унапредиме целта за национално подмладување и обединување“, рече Си, пренесе „Гардијан“.

Си, кој претходно не ја отфрли можноста за употреба на сила, нагласи дека е неопходно „да се промовира мирен развој на односите во Тајванскиот теснец“. Кинескиот лидер истакна дека на Кина ѝ е потребна безбедност за да се развие и дека мора да ја модернизира војската за да ја направи „голем челичен ѕид“, наведува „Ројтерс“.

Во својот прв говор откако беше формално избран за претседател, по трет пат по ред, Си ја повика Кина да ја зајакне националната безбедност.

„Безбедноста е основата на развојот, стабилноста е предуслов за просперитет“, рече Си на затворањето на годишната седница на парламентот.

Тој, исто така, повика на напори за изградба на голема, модерна социјалистичка земја.

Слични содржини