СиЕнЕн: Азорските острови топ дестинација за 2018-та година

од Vladimir Zorba
105 прегледи

СиЕнЕн објави листа на топ дестинации кои можете да ги посетите во 2018-та. Меѓу нив се и Азорските Острови или скратено Азори.

Португалските острови се во северниот дел на Атлантски Океан, околу 1.500 km западно од брегот на Европа, т.е. од копнениот дел на Португалија. Азорските Острови се истовремено и автономна покраина на Португалија, а нејзин најголем град и центар, Понта Делгада, е и управно седиште на покраината. Како што Азорските Острови имаат статус на автономна покраина, така директно се составен дел на Европската Унија како нејзин краен дел. Во оваа територија се издвојуваат девет значајни острови. На запад се Флорес и Корво, во средината се Грасиоза, Теркеира, Сао Жорге, Пико и Фајал, додека Сао Мигел и Санта Марија се на исток.