Сијарто: Унгарија ќе започне со производство на Спутник V

од Nikola Popovski

Унгарија има намера од следната година да ja произведе рускатa вакцина Спутник V, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

„Без вакцината Спутник V не би можеле да ја спроведеме најуспешната кампања за вакцинација во ЕУ и затоа сакам да ѝ се заблагодарам на Русија за соработката. Во Дебрецен ќе се гради фабрика за производство на вакцини. Од крајот на 2022 година, ќе постои можност за производство на вакцината под руска лиценца“, рече Сијарто.

Една од темите на разговор со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, беше енергетската соработка, а Сијарто посочи дека Унгарија е подготвена на есен да склучи нов долгорочен договор со „Гаспром“ за испорака на гас.

Слични содржини