Сијарто: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле

од Nikola Popovski

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека војната во Украина не може да се реши на бојното поле.

„Сите треба конечно да разберат дека оваа војна не може да се реши на бојното поле“, напиша Сијарто на Фејсбук и посочи дека договор може да се постигне само на преговарачка маса, пренесува МТИ.

Тој додаде дека украинските политичари го нападнале унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако тој повторно повикал што поскоро да се постигне мир.

„Нема ништо ново за тоа. Политичарите кои се залагаат за мир редовно се соочуваат со напади и критики. Нема да се откажеме. Ќе продолжиме да инсистираме дека најважната задача е да се спасат човечки животи. Колку подолго трае војната, толку повеќе луѓе ќе гинат“, навел Сијарто.

Тој истакнал дека секој ден од војната резултира со стотици или дури илјадници смртни случаи.

Слични содржини