Силен земјотрес ја погоди Италија, се појавија ПРВИТЕ СНИМКИ

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е почувствуван ширум Италија, во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија, а епицентарот, според досегашните информации, бил помеѓу Анкона и Римини.

Како што јави La Repubblica, пукнатини на ѕидовите се забележани во областа Анкона, а клиниката Вила Игеа е евакуирана. Имаше извештаи и за блокирани лифтови и паѓање на остатоци.

Многу луѓе излегоа на улиците во страв од земјотресот.

Италијанските медиуми јавуваат и дека возниот сообраќај на Јадранската пруга е превентивно запрен во Анкона, поради сомневање за оштетување на шините.

Слични содржини