Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Романија, а бил почувствуван и низ цела Србија и делови од Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 71 километар североисточно од романскиот град Добрета-Турну Северин. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 22 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/LBaVNedOuH
🌐https://t.co/AXvOM7ICIP
🖥https://t.co/wPtMW5OaR1
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/PmALr0Pp7F— EMSC (@LastQuake) February 14, 2023
Земјотресот го регистрирала и Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет Скопје.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 365 километри североисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје во Романија, информираат од таму.
Разорни земјотреси ги погодија Турција и Сирија минатиот понеделник. Според последните податоци, во тие земјотреси загинале повеќе од 37.000 луѓе, но се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи потрагата низ урнатините се уште трае.