Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени по Рихтер пред десетина минути го погоди Охрид.

Потресот се почувствува и во Скопје и околината.
Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, на 5 км од селото Косел и 12 км од Охрид.
Станува збор за регионот каде што во изминативе две недели се регистрирани повеќе од 800 потреси.