Силен земјотрес ја погоди Алјаска

од Stefanija Kuzmanovska

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди централна Алјаска во САД, соопшти денеска германскиот истражувачки центар за геолошки науки.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“, а епицентарот бил на 169 километри северно од главниот град Енкориџ, според извештајот на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема податоци за можна материјална штета.

Слични содржини