37
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 11 август 2025 година, во 13:07 часот во Албанија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати 40,49 географска ширина и 20,96 географска должина.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата и на 20 километри од градот Корча.
Досега нема пријави за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Граѓани на Битолско контактирале со EMSC и пријавиле дека земјотресот бил почувствуван и дека „траел кратко време и бил слаб“.