Земјотресот во 4.09 часот. бил на 77 километри северозападно од Атина и на 26 километри северозападно од Халкида во северниот дел на Евбејскиот залив. Земјотресот со јачина од 5,3 степени по Рихтер бил на длабочина 13 километри. Во моментов нема информации за жртви и причинета материјална штета. Грчките сенизмолози сепак се воздржуваат да прават конечни заклучоци. Според жители на Халкида потресот бил со голема времетраење и бил почувствуван силно, бидејќи неговиот епицентар се наоѓал само на 26 километри од градот. Медиумите објавија уште дека во 01.20 часот. по полноќ земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во реонот на островот Крит.
118
