Силен земјотрес кај Петриње, почувствуван и во Загреб

од Stefanija Kuzmanovska
783 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди областа Сисак и Петриње, а се почувствува и во Загреб.

Претходно беше објавено дека јачината на земјотресот е 3,7 степени.

„Во 13:08 часот, сеизмолозите регистрираа прилично силен земјотрес со епицентар недалеку од Петриње, во близина на Глинска Полјана. Јачината на земјотресот била 4,0 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил од 5-ти степен на скалата ЕМС“, објави Сеизмолошката служба.

Епицентарот бил на 16 километри од Сисак и 30 километри северно од Загреб, пренесува „Танјуг“.

Земјотресот го почувствуваа и членовите на хрватската влада на денешната седница, пренесува „Индекс.хр“.

На снимката од седницата може да се слушне како премиерот Андреј Пленковиќ вели: „Еве, се почувствува и земјотрес“.

По овој прв удар, во Сисак и неговата околина се почувствуваа уште два полесни потреси, со јачина од 2,3 и 1,5 степени според Рихтеровата скала.

Слични содржини