Силен земјотрес во Бугарија почувствуван и во Македонија

од Nikola Popovski
238 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил денеска Бугарија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил почувствуван и во источните делови од Македонија.

Земјотресот се случил на длабочина од 2 километри, со епицентар на 146 километри југоисточно од Софија во 15 часот и 26 минути по локално време. Траел околу 15 секунди.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Вчера силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, ја погоди и Романија, а беше почувствуван и во Србија.

Слични содржини