495
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја потресе Србија околу 18 часот и 50 минути.
Според првите информации, епицентарот бил недалеку од Краљево.
Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран кај Баљевац на Ибар.
Граѓаните на Врњачка Бања велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.
Крушевац јавува дека потресот го почувствувале и на горните катови.
Дури и белграѓани пријавиле дека почувствувале благ потрес.
Засега не се знае дали има материјална штета.