Силјановска-Давкова: Не може „Рекет“ да се врзе само за Јовановски и Јанева

од Aleksandar Todeski

Пред избори се отвараат процеси, но јас сум кажала дека апсолутно „Рекет“ не може да се врзе само за обвинетиот, господинот Бојан Јовановски, тоа е невозможно. Тој е само еден од актерите, очигледно се работи за мрежа, не верувам дека тој и Катица Јанева се главните, тоа е невозможно зошто дело се прави со сторување или несторување, таа е опкружена со луѓе кои ја советувале, имале увид во предметите, така да не е можно тоа, вели во интервју на ТВ Алфа професорката Гордана Силјановска-Давкова, дел од тимот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Почна скромно да се истражува и по политичарите, но не е само господинот Јовановски рекетар, а имам впечаток дека некому му одговара да глуми шок дека невозможното се случува, дека се работи за личност која сама тоа го сторила. Ако навистина има желба во обвинителството и судството за темелен поглед на оваа ситуација, тогаш ќе има лекција од правото и правдата, ианку повторно ќе завршиме во спектакл на судот, од судските сали ќе правиме естрадни места, а тогаш резултатот нема да го видиме. Ние бараме филозофија на санкционирање на извршителите“, рече Силјановска-Давкова.

Таа додаде дека и таа самата на неколку пати зборувала дека е потребен ветинг во судството.

„Луѓе ја носеа на маици, амбасадори се фотографираа со неа за поддршка на правдата, но ете, сега ја видовме специјалната правда која ја донесе Специјалната обвинителка. Ветинот е признание за катастрофална состојба. Ветува дека сега ветингот ќе успее и судот ќе стане суд, но за тоа е потребно време, научна, стручна анализа“, вели Силјановска.

 

Слични содржини