За некои делови од Велика Британија е најавено жолт код за опасни временски услови.

Снег и силен ветер ќе бидат во Шкотска, Северна Ирска и североисточниот дел на островот. Поледицата веќе предизвика голем број на проблеми со патот, а едно дрво паднало врз куќа во Западен Сасекс, објавија британските медиуми.
Синоптичарите предупредија дека снегот ќе падне на 10 сантиметри на места. Полицијата во Шкотска ги предупреди возачите да бидат исклучително внимателни поради влошените метеоролошки услови