Силно невреме го зафати Скопје попладнево (ФОТО)

од Берта Китинска

Попладнево невреме го зафати Скопје. На одредени места паѓаше и град. Според УХМР кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локалноќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Слични содржини