Силувањето во филмот било вистинско: Актерката со години била бесна и понижена

од desk2
130 прегледи

Италијанскиот режисер и сценарист Бернардо Бертолучи почина вчера во 78 година во Рим, а во еден од неговите филмови „Последото танго во Париз“, сцената на силување од тогаш 48-годишниот актер Марлон Брандо, врз 19-годишната Марија Шнајдер, била вистинска.

„Не сакав Марија да одглуми понижување и бес. Сакав да го чувствува тој бес и понижување. Никогаш повеќе не се видовме, ме мразеше целиот свој живот“, рече Бертолучи пред пет години.

Тој објасни дека со Марлон појадувале на подот во станот во кој снимале и одлучиле силувањето да биде вистинско.

„На некој начин бев грозен кон Марија, затоа што не и кажав дека тоа ќе се слуи, рече Бертолучи своевремено, но не зажалил за одлуката.

https://twitter.com/ChrisEvans/status/805091489814548480

Иако дури во 2013 година Бернардо призна што направил, Марија за тоа кажа пет години порано, но никој не и веруваше додека режисерот не призна.

„Марлон ми рече: „Не грижи се, тоа е само филм“, Солзите во текот на сцената беа вистински, изјави Марија и кажа дека никој не ја тешел и не и се извинил, но барем сцената не ја повториле.

Многу актери го осудија ова откако дознаа.