Симовски: Бугарија не може да добие формулар од пописот

од Берта Китинска

Не се обидувајте да ја хакирате базата, бидејќи и вие ќе подлежите на санкции. Ги имаме сите критериуми за заштита, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостл Симовски.

Тој соопшти дека до денеска има 18.000 пријавени и попишани на онлајн апликацијата.

-Никој од надвор нема пристап до тие бази, ниту фирмата која ја направила апликацијата, ниту некој било кој друг освен јас. Дури и во самата институција има строго определен протокол кој може да влегува во овие бази. Тоа се лица кои имаат сертификати и кои се претходно проверени – рече Симовски.

Симовски  рече дека Бугарија, но и други земји претходно барале формулари за поединци за да видат како се изјаснувале на одреден попис, но вели дека такви податоци не смеат да се даваат.

– Никој не може да добие формулар како се изјаснил, тие податоци не смеат да се даваат јавно и тоа важи за сите земји во светот. Нити некој добил, нити ќе добие, нити има право да добие. Ниту ние имаме право да дадеме ваков податок, рече Симовски.

Слични содржини