Симовски: Обезбедени се попишувачи, немам коментар на тврдењата на Апасиев

од Nikola Popovski

„Обезбедни се насекаде попишувачи. Во недела почнува нивната обука, па тогаш точно ќе ја знаеме бројката“, изјави директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Тој соопшти нема коментар на вчерашните изјави на лидерот на Левица, Димитар Апасиев дека бојкотот на пописот не е кривично дело.

„Не сум правник за да можам да го толкувам Уставот. Ние имаме закон и обврска да спроведеме нешто“, истакна Симовски.

Државниот завод за статистика денеска соопшти дека се регистрирани нови 6.600 самопопишани лица од дијаспората, со што бројот на македонски иселеници кои ја искористиле можноста да се регистрираат на електронската апликација достигна 143.755 граѓани.

Истовремено, ги повикуваат сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право.  ема

Слични содржини