Синдикатот на работниците во железницата и метрото во Грција најави штрајк за денеска

од Stefanija Kuzmanovska

Грчкиот синдикат на работниците во железницата и метрото за денеска најави 24-часовен штрајк, а протестите на левичарските групи поради тешката железничка несреќа, во која загинаа најмалку 43 лица, избија синоќа во Атина.

Синдикатот повика на еднодневен штрајк во знак на протест поради, како што вели, хроничното запоставување на грчките железници.

Вработените во атинското метро, ​​исто така, повикаа на 24-часовен штрајк денеска, велејќи дека се соочуваат со слични проблеми како и работниците во железницата, објави „Екатемерини“.

Слични содржини