Синоќа изби голем пожар во зграда во Кисела Вода, четворица повредени

од Nikola Popovski
186 прегледи

Голем пожар изби доцна по полноќ во зграда во Кисела Вода, наспроти општината, при што има и четворица повредени – двајца станари и по еден полицаец и пожарникар. Како што информира градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставиле станарите синоќа под ведро небо.

-Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост, објави утрово градоначалникот.

Ѓорѓиевски им се заблагодари на екипите на Противпожарната бригада од Скопје и МВР.

Надлежните служби во текот на денот ќе извршат увид за да ги утврдат причините за избувнувањето на пожарот, како и за проценка на материјалната штета.

Слични содржини