Синот и снаата на Јакимовски наместо венчаница, добиле умреница

од Nikola Popovski

Првиот човек на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски денес информира дека неговите син и снаа, наместо извод од матична книга на венчани, добиле извод од матична книга на умрени. Во изјава за медиумите, Јакимовски објави дека денот на нивната венчавка е впишан како ден на смртта.

-Овие млади луѓе се во шок, можете да замислите секоја годишнина од бракот на што ќе ги потсеќа. Потпишана е Дијана Антониевиќ, веројатно кадар на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не е Албанка не може да е на ДУИ, истакна градоначалникот.

Тој посочи дека економските причини за иселување веќе не се оние кои ги бркаат младите, туку тоа што „се давиме во хаос на секое поле“.

-Со вакви перспективни и талентирани кадри е наполнета држвната и јавната администрација. Имаме илјадници црни хумори со партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ и што е најбитно и на нив не им чини администрацијата во зависност дали се власт или опозиција. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на 20 кампања и лепење плакати, наведе претседателот на ГРОМ.

Тој додаде дека нефункционалноста на институциите е еден од мотивите што се кандидрал за претседател на државата.

-Да сме државатсо закон, ред и поредок, за оваа душевна болка, државата ќе треба да исплати милиони, меѓутоа ние, за жал, партиите правиме држава во кој што секој граѓанин ќе биде незадоволен, рече Јакимовски.

Слични содржини