Синот на пратеничката од СНСД во претстевничкиот дом на БиХ, Душанка Мајкиќ, смисли „начин“ за извлекување на земјата од економската криза, саркастично пишуваат босанските медиуми. Тој едноставно предложи светот да се врати во времето кога жените немаа право на глас.

Последните денови жестоки се реакциите на граѓаните во Босна и Херцеговина на неговиот предлог.
„Кога сите жени би дали отказ и би му се посветиле на семејството, цената на работниот час би се дуплирала, а семесјтвото би било здраво“, напиша синот на Душанка Мајкиќ на Twitter.