Синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски загина во сообраќајна несреќа

од Vladimir Zorba

Дваесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загинало во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид.

Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот.

Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Слични содржини