Синот на Шекил О’Нил ќе игра во развојната лига на НБА

од Vladimir Zorba

Шариф О’Нил, кој е син на легендата на НБА и Куќата на славните Шекил О’Нил, ќе игра во Г лигата, попозната како Лига за развој.

22-годишниот О’Нил беше меѓу кандидатите на драфтот, но не ја доби довербата од ниту една од 30-те екипи во НБА. Сепак, тој учествуваше во Летната лига со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, со кој неговиот татко Шекил освои три титули на почетокот на новиот век.

Во Г-лигата, Шариф О’Нил, висок 208 см, ќе игра за тимот Игнајт, кој е со седиште во Лас Вегас, Невада и е управуван од самата Г-лига и не е сателит на ниту еден од НБА-клубовите. Годишната плата на О’Нил ќе биде со шест цифри.

Во изминатите четири години О’Нил студираше на Универзитетот во Калифорнија и Државниот универзитет во Луизијана. Во 2018 година тој беше опериран на срцето поради откриен дефект, а во 2020 и 2021 година лекуваше сериозни повреди на ногата.

Слични содржини