Сириски медиуми: Израел изврши воздушен напад на аеродромот во Алепо

од Stefanija Kuzmanovska

Сириската државна телевизија штотуку ја потврди претходната информација дека меѓународниот аеродром во Алепо е надвор од употреба поради воздушен напад.

„Израел ја обнови својата воздушна агресија против Сирија, бомбардирајќи го меѓународниот аеродром во Алепо во средата попладне“, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, мониторинг организација со седиште во Велика Британија со широка мрежа на извори на теренот во земјата разурната од војна.

Официјален претставник на сириското министерство за транспорт, Сулејман Калил, изјави дека цел на нападот била пистата на аеродромот во Алепо, пренесува AFP.

Наводно ова е четврти ваков инцидент во последните неколку недели.

Слични содржини