Сириско семејство на ќерката и го дадоа името Ангела Меркел

од desk2
103 прегледи

Сириско семејство кое се наоѓа во Германија на новородената жерка и го дадоа името Ангела Меркел Мохамед, во чест на германската канцеларка поради нејзината политика на отворени врати за бегалците од земјите зафатени од војна.


Девојчето е родено на 16 август, а нејзината мајка Асаја Фараѕ и таткото Калид Мохамед во болницата St. Franziskus во Мунстер одлучија да и дадат име по Меркел.

„Ангела Меркел Мохамед мирно спие во рацете на својата мајка и не е вобудена поради своето име. Веројатно за неколку години се ќе сфати“, се наведува на Facebook страницата на болницата.

Родителите на Ангела во Германија стигнале во 2015 година, заедно со четирите деца кога Меркел ги отвори границите за бегалците од Сирија и од Ирак.

Ова не е прв пат деца да добиваат име според неа. Ангела Меркел Аде родена е во Хановер 2015 година.
Политиката на канцеларката Меркел предивика помешани реакции, некои ја фалат, додека други ја критикуваат. Нападите во Келн за новоодишната ноќ, кога бегалци силуваа и беснееја, дополнително го поделија германското општество. Подоцна имаше и напади врз бегалци.