Сите пари од сметките на родителите на Коста ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител

од Stefanija Kuzmanovska

Вишиот суд во Белград го усвои предлогот на членовите на семејствата на убиените деца во масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на Коста К., убиецот од Врачар, да се префрлат на депозит на јавен извршител.

Во исто време, судот ѝ наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членовите на семејствата на убиените) ќе бидат депонирани кај јавниот извршител каде ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.

Тоа значи дека сите пари од сметката на тоа семејство ќе бидат префрлени на депозитот на јавниот извршител. Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението.

Да потсетиме, таткото на момчето-убиец од Врачар е во притвор под сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. На неговата сопруга, односно мајката на момчето, судот ѝ забрани да стави под хипотека или да продава недвижен имот што го поседуваат. Ова важи и за автомобилот регистриран на нејзино име.

Одлуката на судот е донесена кога адвокатот на девет семејства, чии деца се убиени, ја побара оваа мерка во нивно име бидејќи се стравуваше дека обвинетиот ќе ја спречи или значително ќе ја одложи наплатата. Одземено е онолку колку што е потребно за да се обезбедат барањата на семејствата на убиените деца.

Слични содржини