Водечкиот светски футуролог Ијан Пирсон тврди дека сите луѓе, родени по 1970 година ќе можат до 2050 година да станат бесмртни.

Инженерот и пронаоѓаќ од Ипсвич во Велика Британија смета дека генетското инженерство и вештачката интелигенција ќе му помогне на човекот да ги надмине границите на своето физичко тело, пренесува Дејли мејл.
Превртувањето на процесот на стареење на келиите, лабораториското одгледување ткиво, производството на билошки тела, стварање андроидни тела и нивни виртуелни светови, како и дигитализација на умот би можеле да ни овозможат вечен живот.
„Оваа опција на почетокот ќе биде резервирана само за славните и богатите, но работничката класа ќе може да си ја приушти во 60-тите години од овој век. Ќе биде достапна за сите кои тогаш ќе имаат 90 години и помалку“, смета Пирсон.
„Никој во 95-тата година не би сакал да живее вечно, но ако може да го подмладите телото и да ја вратите староста на 29 и 30 години, можеби сепак тоа ќе го посакате“, вели тој.