131
Шпанскиот фудбалски гигант Атлетико Мадрид ја потврди информацијата која утрово ја објавија речиси сите спортски медиуми ширум светот.
Репрезентативецот на „црвената фурија“ Родри не е повеќе член на клубот од „Ванда Матрополитано“, затоа што попладнево беше исплатена откупната клаузула од страна на англискиот шампион Манчестер Сити.
Мадридскиот тим ги потврди информациите од денеска дека клаузулата за откуп на играчот е депонирана во Шпанската фудбалска лига. Таа е околу 70 милиони евра.
Ова ќе биде втор најскап излезен трансфер во историјата на „јорганџиите“, по што Лука Ернандез, кој се пресели во Баерн Минхен ова лето за 80 милиони евра.