Сити тројно ја зголемил платата на Фоден

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во новата сезона ќе се потпира на поинаков напад, но едно име останува константа – Фил Фоден.
Репрезентативецот на Англија, како и неговиот тимски колега Родри, добија понуди за нов договор.

Клубот веќе има усмен договор со Фоден за новиот договор, според кој неговата плата ќе се зголеми за три пати.

Според „The Sun“, тој ќе добива 200.000 фунти неделно. Надоместокот е колку за неговиот развој, толку и за поголемата улога што ќе ја има во новата сезона.

„Граѓаните“ веќе го продадоа Габриел Жесус на Арсенал, а се очекува да се разделат и со Рахим Стерлинг кој ќе се пресели во Челси.

На предните позиции, Гвардиола ќе се потпре на својот нов централен напаѓач Ерлинг Халанд, како и на аргентинскиот талент Хулијан Алварез.

Слични содржини