СЈО бара седум од „бомбите“ во „Титаник“ да бидат слушани без присуство на јавноста, судот дозволи

од desk2
121 прегледи

По паузата дадена поради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, во Кривичниот суд продолжи денешното рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).


На рочиштето треба да бидат слушнати над 1.000 „бомби“ кои СЈО ги има приложено како доказ во постапката.

Одбраната бара „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспорува како валиден доказ. СЈО, пак, бара аудио материјалите да бидат пуштени со исклучок на седум за кои побара јавноста да биде исклучена бидејќи има приватни разговори.

Седум од вкупно 1.063 „бомби“ во предметот „Титаник“ ќе бидат слушани без присуство на јавноста, одлучи попладнево Судечкиот совет.

Според одлуката на Советот, главна расправа ќе се одржи и ќе се читаат извештаите, а потоа ќе се слушаат бомбите.

За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Слични содржини