Азербејџан потплатувал пратеници во Парламентот на Советот на Европа, утврдено е со истрага на независни стручњаци.

Како што пишува Макс Хофман, аналитичар во Дојче Веле, ако пратениците примаат мито и подароци со задоволство, место да се борат против корупција, тогаш Советот на Европа веќе не е потребен.
„Тоа што Русија и Труција немаат што да бараат во институција која официјално се зазема за правна држава и демократија, всушност мора да биде јасно. Но, во Стразбур, познавачите на ситуацијата велат дека изфрлањето не би донело ништо. Затоа што тогаш повеќе не би можело да се влијае на Путин и на Ердоган. Слично се размислувало и кога беше примен Азербејџан. Дека земјата најпрво ќе биде интегрирана па потоа во неа ќе бидат извезени европските вредности. Не, туку…. За сите чија работа не се состои во тоа постојано да размислуваат за различни задачи на Европскиот совет, Советот на ЕУ и Советот на Европа: овој спомнатиот нема ништо со Европската унија. Затоа таму може да бидат примани и други земји. Седиштето е во француски Стразбур и Советот се зазема за човекови права, основните поставки на демократијата, и основните принципи направната држава. Барем теоретски. Но, да се вратиме на нашата агилна земја-членка од Каспиското Море“, упатува Хофман.
Според него, Азербејџан сопствените вредности многу поуспешно ги извезе отколку Запад.
„Во ред, зборот вредности можеби е прејак, но теписите, луксузните производи и пред се парите – за тоа се работи. Некои пратеници на Парламентарното собрание очигледно со задоволство земале подароци и за возврат подметнувале извештаи за човековите права во Азербејџан под тепих.
Многу веројатно било така – велат барем три независни стручњаци во своите завршни извештаи. Уште еднаш се покажува дека : Европа себеси често се гледа како морална перјаница, но тоа не е. Со други зборови: Зошто воопшто учествуваме во сето тоа? Политичари со добри плати платени од европскиот данок со години седат во една маргинална институција. Повеќето граѓани не ги интересира то работат тие таму. Дури ни на објективните набљудуваќ не секогаш им е јасно дали тоа воошто има смисла“, додава Хофман.
Како што истакнува, политичарите кои и требало да се борат против корупцијата ја поправале состојбата на своите тековни сметки со илегални средства, што сега е обелоденето.
„И тоа не е осамен случај, туку во тоа, како што стојат работите, вмешани се повеќе членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Сите од земји кои всушност имаат други коруписки стандарди. На пример, од Германија. Треба ли, тогаш, да се зарвоти „дуќанот“? Тој не служи за ништо, ги чини европските обврзници пари и фигурира како платформа за богатење на корумпирани европски пратеници. Никој во европските институции или престолнини на ЕУ не треба да се чуди ако сега стигнат такви барања. Има тука нешто. Но и противргументот е точен: подобро меѓусебно да се разговара во такви форуми и да се заземаш за одредени вредности – изгледа повеќето парламетнарци тоа се уште го прават. Тоа е точно посебно во однос на Русија, каде одржувањето дијалог може да го одржи и мирот. Но, Советот на Европа сега е во нокдаун. Ако не сака да биде нокаутиран. во Стразбур итно мора нешто да се промени. Луќето кои работат таму мора и да се борат за официјалните вредности на нивните институции. За досегашната „кавалерска дипломатија“ смее да постои само нулта толеранција“, заклучува Хофман.