Скандал на белградскиот аеродром: Жена исфрлена од авион со нејзиното дете (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Патниците кои летаат често знаат дека речиси во секој авион има некој кој прави проблеми, а тоа било случај и на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Имено, кога еден од авионите полетувал, една тврдоглава патничка не сакала да го врзе појасот.

Набрзо во авионот дошло обезбедување, а патничката и нејзиното дете биле извадени од авионот, а видеото од целиот инцидент е објавено на страницата на Инстаграм Serbialive Beograd. Како што се очекуваше, видеото набрзо стана многу популарно, а беше проследено со различни коментари на социјалните мрежи.

Иако на многумина не им е јасно зошто патничката не сакала да се врзе, некои посочија на еден од патниците кој ја „избркал“ жената од авионот удирајќи ја.

Слични содржини