Скандал во БиХ: Наместо вакцина против коронавирус, добиле вакцина против грип

од Nikola Popovski
351 прегледи

Медицинска сестра во БиХ погрешно вакцинирала осум лица со вакцина против грип, наместо со вакцина против коронавирус.

Според локалните власти, пациентите не се во животна опасност.

Полициската управа во Добој објави дека вработена во локалниот здравствен дом требало да им ја даде вакцината Синофарм, која штити од коронавирус, но наместо тоа им дала на пациентите вакцина против сезонски грип. Бидејќи било утврдено дека станува збор за грешка, вакцинацијата била прекината.

Медицинската сестра била суспендирана од работа, а полицијата започнала истрага. Лекарите ги известија граѓаните кои примиле погрешна вакцина и им објасниле дека нема опасност по нивниот живот и здравје или можни последици.

Здравствените власти најавија внатрешна истрага за овој пропуст, а потоа ќе одлучат за можните санкции.

Слични содржини