Скопјанец се застрелал со воздушна пушка

од Vladimir Zorba

На 26.12.2022 во 01.54 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Б.(25) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите од воздушна пушка додека бил во својот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини