Скопјанец фатен дома со марихуана и хашиш

од Nikola Popovski
205 прегледи

Денеска (12.12.2023), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје гo лишиле од слобода М.К.(37) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш смола.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини