345
Кривична пријава заработи 50-годишен жител на скопската општина Студеничани поради кражба на домашен миленик, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека пред два дена, околу 9 часот наутро, од двор на подрачје на Драчево одзел куче, сопственост на Н.Т.(41) од Скопје.
-На 16.12.2023 во 12.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода К.И.(50) од с.Студеничани, скопско. Кучето било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, објавија од МВР.