319
Вчера во 17:20 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“ од слобода бил лишен К. Ѓ. (63) од Скопје поради тоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „А”(апси) по барање на СВР-Скопје.
Како што соопштуваат од МВР, тој подоцна бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.