Скопјанец заработи кривична, нелегално откупувал отпад

од Берта Китинска

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад.

На 15.2.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во дворно место на ул. Брсјачка буна во Шуто Оризари – Скопје.

При контролата тие го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без регистрирано правно лице и без да поседува дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Слични содржини