Скопјанка го нападнала сопругот

од Nikola Popovski

Маж бил нападнат од својата сопруга, стои во најновиот полициски билтен.

Според МВР, денеска (31.03.2024) во 02:00 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријавил дека на 30.03.2024 околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговата сопруга Љ.Ј.(35) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини